loading
Кликнете тука за Opel LiveChat
chat

Оригинални резервни делови за OPEL

За идеална кондиција на Вашето OPEL возило во и вон гарантниот период, Аутомакедонија како овластен увозник, дистрибутер и сервисер на OPEL за Македонија Ви ја нуди широката палета на резервни делови со оригинален квалитет, набавени директно од фабриката на General Motors.

 

Оригиналните резервни делови на OPEL имаат фабричка гаранција од 24 месеци.

 

Компанијата располага со одлична залиха (магацин) на резервни делови што се обновува и дополнува на секои 7 дена.

 

За возила на OPEL постари од 4 години можете да добиете специјален попуст при купувањето на резервни делови, потрошен материјал и оригинални аксесоари.

 

OPEL TRADE CLUB


Аутомакедонија е овластен OTC (Opel Trade Club) дистрибутер за Македонија. Со тоа, компанијата има право и можност да ја развива својата мрежа на партнери (продавници и сервисни центри) во државата со оригинални резервни делови (механички, електронски, каросериски делови, браници и светла, потрошни материјали и компоненти, оригинални аксесоари) со одлични цени и услови на купување.

 

Доколку и Вие сакате да станете наш "OTC Партнер" и да ја снабдувате вашата организација со оригинални резервни делови и потрошен материјал со заштитното лого на General Motors, јавете се во нашиот Бизнис Центар на тел. 02 3103 280.

 

ОРИГИНАЛНО GM МАСЛО И ТЕЧНОСТИ

 

 

 

 

General Motors, за своите возила од гамата на Opel и Chevrolet, го препорачува специјалното GM масло кое е целосно прилодено на потребите на современите мотори од овие два бренда и сертифицирано од страна на производителот. Зависно од годината на производство, моторот и моделот, за идеална кондиција на моторот на вашето возило можете да изберете минерално или синтетичко моторно масло со заштитното лого на GM.


Оригиналните GM масла, масла за менувач, глицерин, антифриз и другите течности од програмата на GM можете да ги набавите во продажните и сервисните центри на Аутомакедонија, како и во партнерските продавници и сервиси на фирмата во Македонија.

 

Доколку имате сервис или продавница и сакате да станете наш партнер и деловен соработник, јавете се во Бизнис центарот на Аутомакедонија на тел. 02 3103 280.