loading
Кликнете тука за Opel LiveChat
chat

ПРИВАТНОСТ И ПОЛИТИКА НА КОЛАЧИЊА

Содржина

 

  1. Типови податоци што се обработуваат / линкови до други веб-страници
  2. Информации за обработката на личните податоци
  3. Употреба на колачиња
  4. Веб-бикони/пиксели
  5. Следење и анализа
  6. Повторно таргетирање
  7. Колачиња што ги користиме
  8. Активирање и деактивирање колачиња и слични технологии
  9. Интеракција преку социјални медиуми
  10. Вашите права
  11. Измени на политиката на приватност
  12. Контакт

 

Оваа веб-страница е управувана од нас, вашиот избран Opel Partner. Хостирањето на овој веб-сајт е направено од страна на нашиот ИТ сервис провајдер CDM Estrategiai Tanacsado Kft (Carussel), Gogol U 13,1133 Budapest, Hungary.

 

Ве молиме прочитајте ја оваа политика внимателно пред да ја користите веб-страницава бидејќи во неа е објаснето како ние ги обработуваме личните податоци и како ги користиме колачињата. Со користењето на веб-страницава вие ја прифаќате оваа политика.

 

1.     Типови податоци што се обработуваат / линкови до други веб-страници

 

Opel се грижи за вашата приватност. Преку веб-страницава, ние собираме различни видови на лични информации. Тука спаѓаат:

• Информации што ни ги доставувате при регистрација, барање и користење на нашите услуги и нашата веб-страница, како што се име, адреса, е-пошта, како и датотеки со слики што сте ги поставиле како корисник.
• Информации што ни требаат кога ќе пријавувате проблем на нашата веб-страница,
• Информации собрани со колачиња.


За повеќе детали, видете го делот 2.

Веб-страницава може да содржи линкови до други веб-страници на Opel или веб-страници на партнер на на Opel, овластени сервисери, други поврзани компании или социјални медиуми. Кога ќе кликнете на таков линк до која било од тие други веб-страници на Opel или на трети лица, ве молиме имајте предвид дека овие веб-страници имаат сопствени политики за приватност за личните податоци. Ве молиме проверете ги нивните политики за приватност при користење на овие веб-страници.

Веб-страницава може да содржи iFrames со содржина на други веб-страници на Opel или на трети лица. Opel не е одговорен за содржините на трети лица презентирани во iFrames. Информациите презентирани во нив се одговорност единствено на сопствениците на тие веб-страници. Opel нема контрола ниту одговорност за содржината на независните страници и ја обезбедува оваа надворешна содржина за погодноста на своите посетители. Како резултат на тоа, кога ќе посетите страница со таква содржина, вам може да ви бидат презентирани колачиња од овие веб-страници на трети лица. Opel не ја контролира дистрибуцијата на овие колачиња. Ве молиме проверете ја политиката на приватност на третото лице за повеќе информации.

Ве молиме имајте предвид дека Opel не може да прифаќа каква било одговорност или обврска за веб-страниците на трети лица.

 

2.     Информации за обработката на личните податоци

 

Вашите лични податоци ќе се обработат за да се администрираат и исполнат вашите барања и, кога е применливо, за индивидуализиран маркетинг и истражување на пазарот од нас и од Opel Automobile GmbH (Bahnhofsplatz, 65423 Rüsselsheim am Main, Германија) како контролори според следново:

Обработката на податоците се базира на чл. 6 (1) (а) од Регулативата за заштита на општите податоци (GDPR) доколку ја доставите вашата соодветна согласност, и/или на чл. 6 (1) (б) од Регулативата за заштита на општите податоци (GDPR) за онлајн барања.

Ние како контролори ги обработуваме вашите лични податоци на следниов начин:

Податоци задолжителните податоци се означуваат со *

Намена, цел

1. Идентификација и контакт детали
(Име*, е-пошта*, тел. бр., поштенска адреса (*ако е применливо))

Контакт, комуникација и исполнување барања; регистрација/откажување регистрација за билтен

2. Модел или интереси*

Исполнување барања

3. Избран партнер на Opel*

Исполнување барања

4. Интерес за лизинг / финансирање (*ако е применливо)

Исполнување барања

5. Податоци за возилото*, бр. на шасија*, датум на прва регистрација, регистарски број/регистарски таблички, читање на километражата, датум/време за оставање на возилото, датум/време за земање, тип на услуга*, заменски автомобил

Услуга Исполнување барања

 6. Тип на прашање

Контакт Исполнување барања

Елементите на податоци обележани со * наведени погоре се задолжителни и неопходни за да се исполни вашето барања. Поради тоа, вие сте обврзани да ги обезбедите податоците. Во случај да не ги доставите податоците, нема да можеме да го исполниме вашето барање.

Врз основа на вашето однесување како корисник при прегледување на нашата веб-страница, може да ви се прикаже скокачка понуда за тест возење или ваучер за моделот што ве интересира. Ве молиме погледнете во точка 7 за подетални информации во врска со колачиња.

Вашите лични податоци ќе бидат складирани за горенаведените цели уште три години по последниот контакт со Opel.

Вашите лични податоци наведени во делот 1 ќе се чуваат три години по прекин на договорот. Личните податоци наведени погоре во делот 3 ќе бидат складирани за горенаведените цели уште три години по последниот контакт со Opel.

Примачи

Ние ги споделуваме вашите лични податоци за подолу наведените цели со следните примачи:

Податоци

Цел(и)

Примач(и)

1. Идентификација и податоци за контакт во врска со:
- Информации за моделот на интерес,
- Реални информации за возилото,
- Индивидуални коментари,
- Информации за финансирање,

-Избраниот партнер на Opel
2. Податоци за бизнис клиентите
3. Маркетиншки податоци со избор - кога е применливо -

 

 

За да се исполнат барањата на (потенцијалните) клиентите, услуги за клиентите, информации за купувачи, рекламирање, анкети за задоволство на купувачите

 

 

Ние и Opel Automobile GmbH ги споделуваме вашите лични податоци со соодветните ангажирани обработувачи (добавувачи на ИТ-услуги, истражување на пазарот и маркетиншки услуги):

Посебно ги споделуваме вашите лични податоци со следните даватели на услуги:

CDM Estrategiai Tanacsado Kft (Carussel)

Gogol U 13,1133 Budapest

Hungary



Кога е применливо, ги споделуваме вашите лични податоци со соодветниот избран партнер на Opel.

Opel Southeaast Europe LLC и Opel Automobile GmbH споделуваме вашите лични податоци со соодветниот давател на ИТ-услуги (GM Holdings LLC, Мичиген, САД), кој се наоѓа надвор од Европската Економска Зона (ЕЕЗ) и во земја без соодветно ниво на заштита на податоците. Не постои одлука за адекватност на онаа на Европската комисија, но постојат соодветни заштитни мерки, кои во овој случај се соодветни за стандардните договорни клаузули на ЕУ (EU SCC). За да добиете копија, можете да испратите е-пошта на privacyrights@opel.com

 

3.     Употреба на колачиња

 

Оваа веб-страница, пораките преку e-пошта, онлајн услугите, рекламите и интерактивните активности користат „колачиња“ за оптимизација на нашите услуги.

  • Што е „колаче“?

„Колаче“ претставува мала датотека, која вообичаено се состои од букви и броеви, кои се праќаат во датотеката на колачето на пребарувачот на хард-дискот на вашиот компјутер од страна на нашиот веб-сервер. Главната цел на колачето е да му овозможи на нашиот веб-сервер да му ги покаже на корисникот прилагодените веб-страници кои го прават искуството кога се посетува веб-страницата на Opel поперсонално и посоодветно на индивидуалните потреби на корисникот.

 

Некои колачиња се важни за функционалноста на оваа веб-страница и автоматски се активираат кога ги посетуваат корисниците. Некои колачиња ни овозможуваат да им обезбедиме на корисниците услуги и функции кои најдобро одговараат на нивните потреби и да ги прилагодиме нашите услуги за да обезбедиме лесно и брзо работење на веб-страницата.

  • Какви видови колачиња користи оваа веб-страница?

Automakedonija AD може да користи три вида колачиња:

Колачињата се категоризираат на следниов начин:

  • Суштински колачиња
  • Колачиња за перформанси

Суштинските колачиња им овозможуваат на нашите корисници да се движат низ веб-страницата и да ги користат нејзините карактеристики. Без овие колачиња, бараните услуги не може да се обезбедат, како нашиот конфигуратор на возила, локаторот на дилери или формулари за барање.

Ние користиме суштински колачиња за:
• да се осигуриме дека веб-страницата функционира и функциите се извршуваат правилно, и
• да ви овозможиме да го зачувате изборот во конфигураторот на возилото и
• да ви овозможиме да ја планирате маршрутата до најблискиот дилер во Локаторот на дилери.

 

Колачиња за перформанси

Колачињата за перформанси собираат информации за тоа како корисниците ја користат нашата веб-страница. Тие ни помагаат да ја подобриме функционалноста на нашата веб-страница, да видиме кои области се од поголем интерес за нашите клиенти и да дознаеме повеќе за ефикасноста на нашите рекламни кампањи. Сето ова ни помага да им понудиме на нашите корисници услуги и функции кои најдобро ги задоволуваат нивните потреби.
 
Ние користиме колачиња за перформанси за:
• Креирање статистика за како се користи нашата веб-страница,
• Преглед на ефикасноста на нашите рекламни кампањи и
• Преглед на групното однесување на корисниците, а со тоа и подобрување на нашата веб-страница.

Некои од колачињата за перформанси се обезбедени од овластени трети лица, но не дозволуваме колачињата да се користат за цели различни од оние споменати погоре.

 

4.     Веб-бикони и пиксели

 

Оваа веб-страница може да содржи веб-бикони (исто така наречени „пиксел тагови“). Веб-бикон е често пати транспарентен графички приказ, вообичаено не поголем од 1 пиксел x 1 пиксел, кој се поставува на веб-страница или во е-пошта, а се користи за следење на онлајн однесувањето на корисниците кои ја посетуваат веб-страницата или испраќаат е-пошта. Веб-биконите се користат од страна на технологиите на трети лица за да ја следат активноста на корисниците на оваа веб-страница. Тие дозволуваат да се следи кој компјутер пристапил на одредена веб-страница, кога и од каде (држава/ниво на град).

 

5.     Следење и анализа

За континуирана оптимизација на својата маркетиншка комуникација Opel го користи аналитичкиот софтвер „Adobe Analytics“ на Adobe Inc., кој овозможува следење на онлајн-однесувањето во однос на времето, географската локација и користењето на оваа веб-страница. Овие информации се собираат преку следење на пиксели и/или колачиња. Информациите добиени преку следење на пиксели и/или колачиња се анонимни и нема да бидат поврзани со личните податоци. Сите информации кои се потребни за оваа анализа се зачувуваат на серверите на Adobe Systems Incorporated во Лондон, Обединетото Кралство. Opel не ги споделува овие информации со трети лица за нивна употреба. Ако не се согласувате со анализите, тоа можете да го сторите тука:

За Adobe аналитику: http://www.adobe.com/privacy/opt-out.html

За Google аналитику: https://tools.google.com/dlpage/gaoptout

                                          

6. Пренасочување

 

Со користење на колачи за пренасочување, ние сме во можност да ги направиме понудите поинтересни за нашите корисници. Колачињата за пренасочување се чуваат на компјутерот или на уредот на Интернет-корисникот за време на сесиите на пребарувачот. Тие овозможуваат рекламирање на производите на Opel на веб-страниците на партнерите и социјалните медиуми за корисниците кои се заинтересирани за производите на Opel.

Вметнувањето на овие реклами е потполно анонимно врз основа на технологијата за колачиња. Нема да се складираат никакви лични податоци (како што се IP-адреса или слично), ниту пак некој кориснички профил ќе се поврзе со вашите лични податоци.
Покрај тоа, ниедни податоци поврзани со вас нема да бидат доставени до кој било партнер или веб-страница на социјалните медиуми. Рекламирањето е исто така целосно анонимно.

 

7. Колачиња што ги употребуваме

 

Во овој дел, ќе ве информираме за колачињата што се користат на нашата веб-страница. Ако не се согласувате со поставувањето на одделни колачиња, можете да го деактивирате соодветното колаче со кликнување на името на колачето. Ако нема директни врски за деактивирање за некои колачиња, можете да го ограничите користењето на колачиња во поставките на вашиот Интернет-пребарувач, види точка 8.

7.1    Колачиња на веб-страницата за компјутери

Колачиња

Податоци собрани преку колачиња

Цел/и

Време на складирање


Facebook

 

Google AdWords


Doubleclick

Google Analytics

 


1. Листи за ремаркетинг


2.ремаркетинг листи

3.ремаркетинг листи

4.управувачки активности на веб-страницата


Овие онлајн-колачиња за следење реклами ќе ви прикажат релевантно онлајн-рекламирање врз основа на она што сте го виделе и кликнале, како и страниците од нашата веб-страница што сте ги посетиле


ремаркетинг листи: 30 дена (стандардно)

 

корисник акции на веб-сајтот: 26 месеци (стандардно)

 

 

 


Signal (Email: privacy@signal.co)

Adobe Analytics


управувачки активности на веб-страницата

Овие колачиња се користат за броење посетители на нашата веб-страница и за мерење на користењето на веб-страницата

 

2 години


IgnitionOne (Email: privacy@ignitionone.com)


Лични податоци, како што се име, телефонски број, e-mail адреса

Овие колачиња се користат за да се испита употребата на нашата веб-страница за прикажување на ваучер програми за одредени начини на користење


не чува ПД

DWT own cookies

 

 

- DWT_currency

 

- cms_carusseldwt_SITEID

 

- parking_car_SITEID

 

- last_uploaded_img_path

 

 



- Избрана валута

 

- Додаток за колачиња

- Број на VIN на паркиралиште


- Последна поставена патека на сликата

Овие колачиња помагаат да се зачуваат селекциите на корисникот.

- За да ја задржите избраната валута.

- Ако корисникот го притисне копчето за дозволи на колачиња.     
- Чувајте ги избраните автомобили за паркирање.

- Патеката на последната подигната датотека

 

 

 

- 1 месец

 

 - 6 месеци

 

 - 1 месец

 

 
- 6 месеци

 

8. Активирање и деактивирање колачиња и слични технологии

  

Менито „Помош“ во лентата со мени на Интернет-прелистувачот на вашиот компјутер им кажува на корисниците:

• како да спречат прифаќање нови колачиња во пребарувачот;
• како да го постават прелистувачот да ги известува кога ќе примат ново колаче;
• како целосно да ги деактивираат колачињата.

Ако колачињата се деактивирани, тогаш поголемиот дел од содржината на https://opel.automakedonija.com.mk/, исто така, ќе биде деактивирана, на пр., локацијата на дилерот, конфигураторот на возила и соодветните кориснички понуди може да не се прикажат правилно. За да го спречите ова, препорачуваме да ги овозможите колачињата.

Има многу онлајн-публикации за колачиња во случај да сакате да прочитате повеќе. Погледнете на пример: http://www.allaboutcookies.org

 

9. Интеракција преку социјалните медиуми

 

Линкови до социјални медиуми / приклучоци за социјални медиуми

 

Нашата веб-страница вклучува линкови до социјални мрежи.

Со цел да ги заштитиме вашите лични податоци додека ја посетувате нашата веб-страница, ние не ги користиме социјалните приклучоци. Наместо тоа, HTML-линковите се вградени на веб-страницата, овозможувајќи лесно споделување на платформите на социјалните медиуми. Вградувањето на линковите спречува директна врска со разни мрежи на социјалните медиуми кога отвора страница од нашата веб-страница. При кликнување на едно од копчињата, се отвара прозорец на пребарувачот и го насочува корисникот до соодветната веб-страница на провајдерот на кој (на пример, откако ќе се најавите) може да се користи копчето „Ми се допаѓа“ или „Сподели“.


За повеќе информации за целта и обемот на обработката на податоците и натамошна употреба на вашите лични податоци од страна на давателите и нивните веб-страници, како и вашите права и можни поставки за заштита на вашата приватност, ве молиме погледнете ги информациите за заштита на податоци на соодветниот давател на услуги.

 

Facebook: http://www.facebook.com/policy.php

Twitter: https://twitter.com/privacy

Instagram: https://help.instagram.com/155833707900388

YouTube: https://www.google.de/intl/de/policies/privacy/

LinkedIn: https://www.linkedin.com/legal/impressum

 

10. Вашите права

 

Како субјект на податоците, имате право на пристап, право на исправка, право на бришење (право да бидете заборавени), право на ограничување на обработката, право на преносливост на податоците, право на приговор за обработка на лични податоци во врска со вас, член 6 (1) е) или ф) GDPR или кога личните податоци се обработуваат за цели на директен маркетинг во согласност со важечкиот закон.
 

Ве молиме имајте предвид дека вашите горенаведени права се ограничени со закон и мора да бидат исполнети од нас, најверојатно, само под одредени услови.

Ако сакате да ги побарате вашите горенаведени права, испратете е-пошта до privacyrights@opel.com или пишете ни на Аутомакедонија АД Скопје, ул.16 Македонска бригада бр.2, Скопје. 

За да го остварите вашето право да поднесете жалба (член 77 GDPR) ве молиме контактирајте со Дирекција за заштита на личните податоци на Република Македонија,  бул.„Гоце Делчев“бр. 18, (зградата на Македонска радио телевизија МРТВ - кат 14) Поштенски фах 417 1000 Скопје, www.dzlp.mk,

 

Право да ја повлечете согласноста

 

Имате право да ја повлечете вашата согласност во секое време. За ова ве молиме да ги промените вашите поставки или да испратите е-пошта на privacyrights@opel.com. Повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.

 

11. Измени на политиката за приватност

 

Сите идни измени во нашата политика за приватност ќе бидат објавени на оваа веб-страница. Затоа, треба периодично да ја проверувате нашата политика на приватност за измени.

 

12. Контакт


Аутомакедонија АД Скопје , ул. 16-та Македонска Бригада бр.2, Скопје, Лице за контакт: Маја Арсовска Зафирова, tel/fax: 02 3103 130 , email: office@automakedonija.com.mk  

 

Доколку имате прашања за нашите стручни лица за заштита на личните податоци, Ве молиме испратете го вашето барање на Opel Southeast Europe LLC, Representative Office, Belgrade Bulevar Mihajla Pupina 165g, Belgrade, Serbia и по e-mail: privacyrights@opel.com. 


 
Верзија: март 2018 година

Погледнете го нашето правно известување за целосните детали на компанијата.



Оди на почеток