loading
Кликнете тука за Opel LiveChat
chat

НОВИОТ OPEL Vivaro ДОДАТНА ОПРЕМА.

Новиот Vivaro ја воведува наградуваната филозофија на Opel за дизајн во сегментот. Во прилог на стандардните или опционалните карактеристики, постои широк спектар на додатоци на располагање за да го направите поголемиот дел од вашиот Vivaro.

За целиот спектар на додатоци, погледнете го Онлајн каталогот за додатоци Opel Vivaro или информирајте се кај вашиот локален Opel дилер.

Opel Vivaro – Страничен прозор со ролетна за сонце

Удобност и грижа

Без разлика дали тоа е работно возило или за транспорт на семејството, вашиот Vivaro треба да ви помогне да се чувствувате како дома. Ќе најдете сѐ што ви треба за да се задржи сѐ како што сакате, од патосници до ткаенини за седиштата.

Opel Vivaro – Држач со полнач

Инфозабава

Ви помага да бидете поврзани – со канцеларијата, семејството, сообраќајните услови, насоките при патување. Проверете ги производите за вашиот Vivaro.

Opel Vivaro - Калници

Безбедност и заштита

Возете посигурно и помогнете му на вашиот Vivaro да изгледа добро подолго време. Грижете се за вашите патници и товарот и бидете подготвени. Ние нудиме паркинг помош и задна камера, панел заштита и калници, до комплет сијалички и детски седишта, ако е потребно.

Opel Vivaro – Кровни носачи со валјаци

Транспортни и носечки системи

Капацитетот на Vivaro е максимизиран и оптимизиран. И Opel нуди додатоци за да ви помогне да го организирате вашето носење и внатре и надвор. Од поставата на внатрешноста и полиците до кровните носечки системи, до куките за влечење и прицврстување, имаме нешто што го прави земањето работи со вас толку многу полесно. Нашата селекција вклучува оригинални производи од Opel, како и производи од нашиот партнер Thule, лидер на пазарот за носечки системи.

Opel Vivaro - 16˝ челични тркала

Тркала

Комбинирајте стил со практичност. Opel има голем број на алуминиумски и челични тркала, плус целосна понуда на зимски тркала. За дополнителен мир, изберете од нашата понуда на Thule за синџири за снег.

Сликата може да прикажува додатна опрема.

Opel ќе вложи разумни напори за точноста и обновеноста на информациите на оваа страница, но не презема одговорност за какви било барања или загуби кои произлегуваат од содржината на оваа страница. Некои од информациите на оваа страница може да не се точни поради промени на производите кои што настанале од времето на објавување на информациите. Некои делови од опремата кои се опишани тука се достапни само во одредени земји или по повисока цена. Opel го задржува правото да ги смени спецификациите на производите во секое време. За спецификациите на производите во вашата земја, ве молиме консултирајте се со вашиот дилер на Opel.
Оди на почеток