loading
Кликнете тука за Opel LiveChat
chat

OPEL Astra GTC додатна опрема.

Opel Astra GTC ги олицетворува елеганцијата и дизајнот за животот во брзата лента. Оригиналната додатна опрема на Opel е дизајнирана со истата намена. Влезете за авантуристичко патување до океанот за ден исполнет со сурфање и покажете стил со алуминиумските тркала и останете поврзани со надворешниот свет додека возите со помош на производите за инфозабава. Извлечете го најдоброто од вашата GTC и нека ви завидуваат на патот.

Opel Astra GTC - OPC линија надворешен пакет, подготвен комплет

Стилизирање и OPC линија

Astra GTC веќе се издвојува од толпата со својот изглед и смиреност при возење. Но, доколку сакате да додадете нешто дополнително, ова е местото кадешто треба да почнете. Имаме одличен избор на производи за стилизирање на автомобилот со цел да му дадат на Вашиот GTC нешто посебно. OPC Line претставува спортски, но сепак стилски изглед. Додајте го денес кон Вашиот GTC.

Opel Astra GTC - Надворешен комплет за декор - бело

Стилизирање

Индивидуалноста додава стил, а стилизираното се постигнува полесно со додатоците од Opel со висок квалитет. Одвојте малку време за да ги проверите сите одлични можности. Вие имате чувство за Вашата Opel Astra GTC, покажете му го тоа на светот преку карактеристичниот допир, кој ќе ја направи уште повеќе лично Ваша.

Opel Astra GTC - 20-инчно алу тркало

Тркала

Комбинирајте стил со практичност. Opel нуди голем избор на алуминиумски и челични бандажи, плус комплет зимски гуми. За дополнителен спокој на мислите, направете го изборот од нашата понуда на Thule Snow Chain.

Opel Astra GTC - Основен носач на покривот

Транспорт и системи за носење

Opel овозможува лесно носење на багажот со себе. Нашата богата понуда на флексибилни системи за превоз и пренесување е совршена помош за сите ваши патувања или спортски активности. Во нашата понуда влегуваат оригинални производи на Opel како и производи на фирмата партнер Thule, лидер на пазарот за системи за превезување.

Opel Astra GTC - FlexDock®

Инфозабава

Ви помага да останете поврзани – со Вашата канцеларија, семејство, услови во сообраќајот и помош при пат. Проверете ги производите за Вашиот GTC.

Opel Astra GTC - FlexConnect – Пикник маса

Удобност и грижа

На одмор, кон работа или едноставно на излегување, Вашиот GTC Ви помага да се чувствувате како дома. Ќе најдете се што Ви е потребно за да го задржите каков што го сакате, вклучително и брисачи за нозе и штитници за приватност. Plus FlexConnect, последен додаток во нашиот избор на додатоци.

Opel Astra GTC - Подлога за цврст товар

Безбедност и заштита

Возете побезбедно и помогнете му на Вашиот GTC да изгледа одлично. Грижете се за Вашите сопатници и задоволство и бидете подготвени. Нудиме помош при паркирање, фолии за заштита на бојата и карго шини, како и опрема за сијалици и детски седишта, доколку е потребно. Тука ќе најдете се што Ви е потребно за да се грижите за Вас и Вашето семејство – и Вашиот GTC и понатаму да изгледа добро, како што изгледал на денот кога сте го купиле.

Сликата може да прикажува додатна опрема.


Opel ќе ги вложи сите разумни напори да обезбеди содржините на оваа локација да бидат точни и ажурирани, меѓутоа не прифаќа одговорност за какви било тужби или загуби настанати како резултат на потпирање врз содржините од оваа локација. Некои информации на оваа локација можеби нема да бидат точни поради измени на производите направени откако оваа локација е активирана. Некои опишани или прикажани делови од опремата можат да бидат достапни само во одредени земји или со дополнителна доплата. Opel го задржува правото да ги смени спецификациите на производот во било кое време. За тековните спецификации на производот во Вашата земја обратете се до Вашиот Opel дилер.

Оди на почеток