OPEL ASTRA GTC.
ЦЕЛОСНА ПРАКТИЧНОСТ.
Кога станува збор за грижата за возачот и патниците, има многу напредни стандардни и изборни карактеристики кои ја прават Opel Astra GTC водечка во својата класа.
Ергономски спортски седишта
Без разлика како или колку далеку возите, удобноста на седиштето е неопходна карактеристика. Со широк опсег на можности за прилагодување, вклучувајќи и лумбална поддршка и продлжетокот на перничето на седиштето, изборни ергономски спортски седишта со сертификација од германскиот центар за одличност во ергономијата AGR (Кампања за поздрав грб), поставете го вашето седење да ви одговара на индивидуалните потреби. Тие се достапни само за возачот или за возачот и совозачот.
Поставената кожа и загревањето на седиштата ја поставува Opel Astra GTC во категоријата на луксузност. Но доколку преферирате верзија со ткаенина, таа исто може да ви го овозможи истото ниво на ортопедска поддршка.
Волан и седишта со загревање
Уникатна во својата класа со достапниот волан на загревање, за топли лаце во студените зими. Возачот и совозачот имаат придобивки од елементите за загревање во основата и наслонот на седиштето.
CD 400 звучни системи
Доколку некогаш ја заборавите вашата музика дома, ова е стерео системот во вашиот автомобил кој ќе ве натера да се одвикнете од таа навика. CD 400 има 6 звучници, графички изедначувач со 7 ленти, дигитален звучен процесор, излез 4 x 20 W, радио, aux-in порта – и одличен звук. Варијантата CD 400 Plus, со двоен тјунер, е достапна доколку изберете USB порта за пуштање музика и ракување со мобилни дигитални уреди, Bluetooth® за хендзфри ракување со телефон со говорни команди или DAB/DAB+ за прием на сите европски дигитални радио формати, а исто така можете да одлучите и да ги имате сите функции заедно.
CD 600 IntelliLink
Со едноставно интегрирање на вашиот мобилен телефон со технологијата IntelliLink во автомобилот и прикажувањето на најважните функции на 7-инчниот дисплеј во боја со висока дефиниција, CD 600 IntelliLink ги поставува новите стандарди за удобност, конективност и безбедност. Воспоставувајте повици, слушајте ги вашите аудио датотеки со Gracenote®, слушајте ги дојдовните СМС или гледајте слики од USB - вашите раце секогаш остануваат на воланот со интегрирани контроли. Кога ќе се поврзете преку USB, музичката база Gracenote® го идентификува пејачот, албумот и насловот на песната и ви помага во управувањето со музичката збирка.
Navi 950 IntelliLink
Врвниот навигациски систем ви ги нуди сите предности на технологијата IntelliLink за екстензивна интеграција на паметниот телефон плус навигација со 3Д поглед од птичја перспектива и препознавање на глас за внесување дестинации. Софтверот за мапи е мемориран внатрешно за брз пристап и може да се надгради преку USB во кое било време.
Navi 650 ги има истите основни навигациски карактеристики. За поврзување со вашиот мобилен телефон, може опционално да се нарача со Bluetooth® за ракување со телефонот без раце со гласовни команди.
FlexDock®
Безбеден, елегантен и совршено позициониран за оптималнен поглед и дофат, оваа фабричка опција е совршен начин да се интегрира вашиот паметен телефон. Нема повеќе неуредни кабли или непријатно држење, само удобна контрола на музика, повици и информации.
Звучен систем Infinity
За апсолутно најдобар звук, Opel Astra GTC ја нуди и опцијата на исклучителниот звучен систем Infinity. Тој употребува 7x45 W со директни канали за управивање со 8 врвни звучници. Аудио сигналот е дигитализиран и фино подесен со Дигиталното процесирање на звук (DSP) за точен пренос на звукот. Разликата е подобар сеопфатен пренос на звукот во сите услови при возење.
19 складишни локации
Opel Astra GTC нуди бројни можности за складирање кои се и практични и генијални. Новиот Opel Astra GTC има практични прегради на лесен дофат за возачот и патниците. Прегради на предните и задните врати со држачи за шишиња, корпа за складирање за возачот, држачи за чаши, голема кутија за ракавици, преден и заден наслон за рацете со затворен складишен простор. Зависно од опремата, има 19 локации за складирање на големи и мали предмети.
Оддел за багаж Flex Floor
Преклопувањето на задните седиште овозможува зголемување на товарниот капацитет на Opel Astra GTC на 360 до 1165 литри. Уникатниот систем Flex Floor со 3 позиции дополнително ја зголемува флексибилноста. Подот може да се спушти за да се обезбеди максимален товарен простор - висина и волумен. Во централната позиција подниот панел е израмнет со превитканите задни седишта за максимален рамен товарен простор, а кога ќе се подигне целосно, се израмнува со задните прагови за лесно товарење и истоварување. Може лесно да се подигне и намести за пристап на резервното тркало и дополнителниот скриен складиштен простор.
Сликата може да прикажува додатна опрема.
Opel ќе ги вложи сите разумни напори да обезбеди содржините на оваа локација да бидат точни и ажурирани, меѓутоа не прифаќа одговорност за какви било тужби или загуби настанати како резултат на потпирање врз содржините од оваа локација. Некои информации на оваа локација можеби нема да бидат точни поради измени на производите направени откако оваа локација е активирана. Некои опишани или прикажани делови од опремата можат да бидат достапни само во одредени земји или со дополнителна доплата. Opel го задржува правото да ги смени спецификациите на производот во било кое време. За тековните спецификации на производот во Вашата земја обратете се до Вашиот Opel дилер.