Аутомакедонија ад
СИТЕ УСЛУГИ ЗА ВАШЕТО ВОЗИЛО НА ЕДНО МЕСТО
Аутомакедонија АД Скопје е овластен увозник, дистрибутер и сервисер на OPEL во Македонија.
На атрактивни локации во главниот град, со комплетна инфраструктура развиена согласно стандардите на General Motors, со максимална опременост и искусен персонал, Аутомакедонија Ви ги нуди сите услуги за вашето возило од гамата на OPEL.
ПРОДАЖБА НА ВОЗИЛА
Компанијата има два модерни изложбено продажни салони во Скопје во кои можете да ги видите, пробате и купите моделите на OPEL:
Салон Автокоманда - 16 Македонска Бригада бр.2 (Спроти Шумарскиот Факултет)
Телефон - 02 3103 130
Салон Центар - Мито Хаџивасилев Јасмин бр.20
Телефон - 02 3103 130
СЕРВИСЕН ЦЕНТАР
Во овластениот сервисен центар на Аутомакедонија, можете комплетно да го одржувате и сервисирате вашето возило од гамата на OPEL. Лимаро фарбарскиот сервис на Аутомакедонија е овластен од сите осигурителни компании во земјата што ви гарантира брза и професионална поправка на вашето оштетено или хаварисано возило.
Во Аутомакедонија се вградуваат оригинални резервни делови, со двегодишна гаранција на квалитетот и конкурентни цени.
Сервисен Центар Автокоманда - 16 Македонска Бригада бр.2
Тел. 02 3103 130
ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД И РЕГИСТРАЦИЈА
Во комплексот на Аутомакедонија е лоцирана и компанијата АМ ЦЕРТ во која клиентите може да направат - комплетен технички преглед и регистрација на своето возило, да извадат зелен картон, меѓународна возачка дозвола, дозвола за управување на туѓо моторно возило во странство, хомологација, атест на плински уред и клима фолии...
АМ ЦЕРТ Станица за технички преглед - 16 Македонска Бригада бр.2
Тел. 02 3103 130
Аутомакедонија е основана во 1946 година, има богата традиција во автомобилската дејност, одлична инфраструктура, најмодерна опрема, дијагностички инструменти и специјален алат, како и врвен персонал што се школува во Академијата на General Motors.
Фирмата има импементирано Систем за менаџмент на квалитетот според стандардите ISO 9001:2008 и ISO 14001 потврдени од Германскиот TUV Nord.
Контакт