loading
Кликнете тука за Opel LiveChat
chat

ГРИЖА ЗА КОРИСНИЦИ

 

Грижа за корисниците

 

Нашата цел е поправката на автомобилот да тече удобно и без непријатности. За проценка на штетата не е потребно закажување, а подготвени сме да го транспортираме возилото во радиус од 50 км до нашиот сервис. При приемот на возилото, ќе ви биде назначено едно лице за контакт, кое навреме ќе ве информира за денот на испорака.
Без оглед на моделот кој го возите, нашиот Body&Paint сервис ќе се погрижи за негово беспрекорно сервисирање.

 

Квалитет


Процедурата за проверка на квалитетот на работниот процес обезбедува врвни и конзистетни поправки. Ние користиме врвна опрема за работа и оригинални резервни делови и потрошни материјали. Сите фази на обработка подлежат на строги стандарди, кои се контролираат во одредени временски интервали.

 

Квалитетот во работата се должи на:
- употребата на водени еколошки бои; 
- врвната техничка опременост;
- оспособениот стручен тим;  
- оригиналните резервни делови
и поради тоа, поправката на возилото има доживотна гаранција.

 

Посветеност


Од моментот кога ќе дојдете во нашиот сервис, вработените се подготвени да пружат супериорна услуга. Ние ве слушаме вас и вашата осигурителна компанија и учествуваме во процесот на проценка на штетата и процесот на поправка. Токму затоа, цврсто стоиме зад нашата услугата, која има доживотна гаранција.



Воспоставената соработка со сите осигурителни компании обезбедува брз процес на проценка и поправка на вашиот автомобил во рекордно брз рок. Ние знаеме дека времето е драгоцено и токму затоа, настојувањата за брза и квалитетна поправка се наш императив.

 

Доживотна гаранција


Ние гарантираме дека поправката не содржи било каков дефект, а самата гаранција има важност се' додека актуелниот сопственик го поседува возилото.
Доживотната условна гаранција се однесува на сите поправки направени во нашиот сервис, по специјална постапка и со употреба на посебни материјали. Гаранцијата на материјалите ја дава производителот PPG, а на резервните делови и работната рака - нашиот сервис. Доколку се детектира појава на дефект поради човечки фактор во поправката, ние истиот ќе го отстраниме преку повторно сервисирање, боење или финиш на посочените делови, компоненти или области, без никаков надомест.